Путин - Западните санкции може да им се удрат од глава

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека санкциите што западните земји ги воведоа против неговата земја може да им се удрат од глава. Зборувајќи за германската телевизија АРД, Путин рече дека забраната за Русија до западните пазари за капитал ќе му наштети на извозот на западот. Целосното интервју со Путин ќе биде објавено утре. Путин исто така вели дека Русија нема намера да бара предвремено враќање на заемот што три милијарди долари што и го даде на Украина минатата година, но предупреди дека санкциите може да погодат некои банки, како што е државно контролираната Газпромбанк, што може да доведе до барања за враќање на мултимилијардерските кредити што банките и ги дале на Украина. Тој исто така вели дека Русија нема да дозволи украинската влада да „ги уништи“ своите политички противници и непријатели во источна Украина. Путин ги обвини западните медиуми за пристрасно известување од Украина.