Шефот на американската здружена команда во ненајавена посета на Ирак

Шефот на американската здружена команда, генерал Мартин Демпси.

Шефот на американската здружена команда, генерал Мартин Демпси, пристигна во ненајавена посета на Ирак. Тој слета во Багдад рамо утринава. Тоа е прва негова посета на Ирак откако коалицијата предводена од САД почна воздушни напади против милитантите на Исламската држава и други исламистички организации во Ирак и во Сирија. За новинската агенција Ројтерс, Демпси изјави дека сака да види како напредува американската поддршка. Пред два дена, тој пред американскиот Конгрес изјави дека владата ќе ја разгледа можноста да испрати мал број американски војници кои треба да се борат заедно со ирачката војска во посложени операции против борците на Исламската држава, кои контролираат големи делови од северниот и западниот дел на Ирак и делови од Сирија.