Убиен припадник на НАТО во Авганистан

Илустрација.

НАТО денеска соопшти дека еден нивен припадник вчера бил убиен од бунтовниците во северен Авганистан. Не се соопштуваат детали за нападот и за националноста на припадникот на НАТО. Талибанските милитанти ги засилија нивните напади против авганистанските и НАТО силите ширум Авганистан. НАТО се подготвува да ги повлече борбените сили од Авганистан до крајот на 2014, но ќе остави војници во земјата кои треба да им помогнат со обука и совети на авганистанските безбедносни сили.