Задолжителна зимска опрема во возилата

Илустрација.

Од денеска почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири,а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 15 евра. Со новиот закон за безбедност во патниот сообраќај чија подготовка е во тек, според најавите, се предвидени казни од 45 евра за неносење зимска опрема.