САД на Балканот испраќа обвинители за борба против тероризмот

Сараево - Полициска акција против вахабисти.

Министерството за правда на Босна и Херцеговина нема никакви официјални информации дека САД во 14 земји на Балканот, на Блискиот Исток и во северна Африка ќе испратат 70 обвинители и правни советници кои ќе истражуваат и ќе приведуваат терористи, странски и повратници од Сирија.

Aмериканскиот секретар за правда Ерик Холдер најавија дека САД ќе испратат околу 70 обвинители и правни советници во 14 земји од Балканот, Блискиот Исток и северна Африка, за да им помагат на националните власти во истрагите и изведувањето пред суд на џихадистите кои се враќаат од Сирија.

Соработката вклучува размена на информации, истраги, судско гонење и борба против екстремизмот.

Високо претставник на американското Министерство за правда прецизира дека околу 70 американски обвинители ќе работат во Албанија, во Босна и Херцеговина, во Косово, во Србија и во Хрватска, како и во неутврден број земји од северна Африка и Блискиот Исток, „од Алжир до Мароко, како и во западна Африка“.