Македонија под голем притисок да се справи со илегалните мигранти

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека земјата е под голем притисок да се справи со илегалната миграција, коментирајќи за загинувањето на двајца Сиријци на пругата во близина на Велес. Таа вели дека МВР со целиот капацитет и ресурси настојува да ги детектира илегалните мигранти, но големината и сериозноста на проблемот не може да се гледа низ призмата на постапување на една држава бидејќи ова е глобален проблем. Таа рече дека досега апелирале за поголема соработка на сите засегнати страни, вклучително и грчките погранични власти, но и европските агенции надлежни за подобро обезбедување на границата.