НБРМ ја намали проекцијата за економски раст во 2015

Гувернерот Димитар Богов.

Народната Банка на Македонија соопшти дека годинава растот на македонската економија ќе изнесува 3,7 проценти. За следната прогнозира 4,1 отсто, а во 2016 година раст од 4,5 проценти. Во денешните проекции нема промени во однос на оваа и на 2016 година, има само надолна корекција за предвидениот раст за 2015 година. Претходната проекција на НБРМ за растот за 2015 година беше 4,4 проценти. Според Банката, корекцијата е заради понеповолното надворешно окружување.