Двајца сиријски државјани загинаа кај Велес

Архивска фотографија - илегални мигранти од Сирија и Ирак откриени на железничка станица во Велес, август 2014.

Двајца сириски државјани кои ноќеска се движеле по пругата кај железничкиот мост во Велес, загинале кога во нив удрил товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија - Табановце. Инцидентот се случил во еден часот по полноќ, соопшти МВР. Полицијата денеска соопшти дека се работи за двајца браќа сиријски државјани на возраст од 22 и 23 години.