Нема поента од нови мировни разговори за Украина

Нема поента да се одржуваат нови мировни договори со про-руските сепаратисти ако Киев е уверен дека сепаратистите кои ги држат под контрола регионите Доњецк и Луганск го почитуваат договорот потпишан на 5 септември, изјави украинскиот советник за безбедност Маркијан Лубкивски. Тој вели дека нема да има договор „Минск 2“, затоа што „Минск 1„ Украина го спроведува, а терористите не. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, вели дека Киев ќе продолжи со разговорите, но само за имплементација на постоечкиот договор. И покрај договорот за прекин на огнот на 5 септември, стотици војници и сепаратисти се убиени, а експлозии има речиси секојдневно.