Американски државни обвинители на Балканот

Американскиот министер за правда Ерик Холдер

Американскиот министер за правда Ерик Холдер најави дека Соединетите држави ќе испратат 70 државни обвинители во земјите на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка за да помогнат во борбата против тероризмот. „Тие ќе соработуваат со земјите кои настојуваат да ги подобрат нивните капацитети во спроведувањето истрага и приведувањето странски терористички борци“, изјави Холдер.