Севернокoрејски пратеник во Русија

Лидерот на Северна Кореа Ким Џонг Ун наскоро би требало да испрати специјален пратеник во Русија, јавија денеска севернокорејските медиуми, наведувајќи дека притоа би се разгледале начините за јакнење на врските меѓу двете земји. Во моментов Пјонгјанг е соочен со зголемена дипломатска изолација. Се прецизира дека за специјален пратеник во Русија бил наименуван Чој Ријонг Хај, близок соработник на севернокорејскиот лидер. Русија и Северна Кореа имаат пријателски врски, но не како од времето на Советскиот сојуз.