Јахјага со ултиматум до косовските политички партии

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага упати ултиматум до политичките партии да постигнат договор за излез од политичката криза, во која земјата западна по јунските вонредни парламентарни избори. Претседателката смета дека оваа состојба не може да трае бесконечно и оти е крајно време лидерите на политичките партии да се договорат, вели Арбр Влахиу, советик на Јахјага за односи со јавноста, во изјава за весникот „Експрес“. Тој вели дека е крајно време политичките лидери да гледаат подалеку од сопствените интереси.