Кадиров тврди дека е убиен еден од водачите на ИД

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска изјави дека еден од лидерите на Исламската држава, Тархан Батирашвили е убиен. Кадиров на Инстаграм напиша дека тоа ќе му се случи на секого кој се заканува на Русија и на чеченскиот народ. Но Кадиров не даде други детали, а нема официјалан потврда за смртта на Батирашвили од други извори.

Батиравили кој на Блискиот Исток, е познат како Омар ал-Шишани е етнички Чеченец од грузискиот регион Панкиси. Батирашвили е на високи воени позиции во рамките на Исламската држава и предводел голем број на напади во текот на изминатите неколку години, соопштија американските власти во септември, кога го сврстија во помагачи на екстремистички групи кои обезбедуваат финансиска и друга помош за борците во Сирија.