Попоски - Грција нема желба за „името“

Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски.

Останува проценката дека кај нашиот соговорник нема посебна желба и мотивираност за придвижување за прашањето за името, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски, осврнувајќи се на резултатите од вчерашната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите за името. Тој вели дека најрелевантен е исказот на Нимиц кој кажа дека нема некакви поместувања или новости. Попоски вели дека од македонска страна има мотив да се надмине проблемот кој е пречка за интегрирањето во ЕУ и НАТО.