Попречувана мисијата на ОБСЕ во источна Украина

Од ОБСЕ денеска соопштија дека нивната набљудувачка мисија во источна Украина се соочува со „неприфатливо ограничувања“ на овластувањата да ја надгледува границата со Русија. Илка Канерва, претседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ, изјави дека набљудувачите на ОБСЕ може да известуваа само за она што го гледаат на официјалниот граничен премин. Претходно од ОБСЕ објавија дека виделе необележани воени конвои како навлегуваат на територијата на про-руските сепаратисти во последните неколку дена, но притоа не кажаа од каде се тие конвои. Од НАТО вчера соопштија дека повеќе руски конвои од опрема и војници од Русија влегле на територија во Украина која е во рацете на сепаратистите. Но Москва го негираше таквото тврдење.