Азербејџан - затворен воздушниот простор над Нагорно-Карабах

Воздушниот простор над отцепениот регион Нагорно-Карабах е затворен, соопштија азербејџанските власти, по инцидентот во кој војската на Азербејџан собори хеликоптер кој припага на етеничките Ерменци кои го контролираат отцепениот регион. Во соопштението на азербејџанските власти се наведува дека тие ги информирале земјите членки на Меѓунардоната организација за цивилна авијација дека воздушниот простор ќе биде затворен. Според властите во Азербејџан хеликоптеорот бил срушен откако од него бил отворен оган кон азербејџански војници, по што тие одговориле и го собориле. Притоа се убиени и тројца членови на екипажот. Властите во Нагорно –Карабах пак велат дека хеликоптерот бил во рутинска мисија за обука, а соборувањето според нив е провокација од страна на Азербејџан. Тие ја отфрлаат изјавата на Азербејџан и велат дека воздушниот простор не е затворен.