Грчката полиција со солзавец ги растера студентите во Атина

Архивска фотографија - полиција во Атина.

Полицијата во Атина денеска употреби солзавец за да растера околу 40 студенти, кои се обидоа да влезат во Атинската правна школа. Зградата на оваа високообразовна школа од вчера е затворена во пресрет на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против тогашната воена хунта, пренесуваат грчките агенции. Секоја година на 17 ноември се одржуваат собири што честопати прераснуваат во демонстрации против политиката на владата. На тој ден им се оддава почит на десетте убиени студенти на 17 ноември 1973 година.