Нови борби и жртви во источна Украина

4-ца украински војници загинале, а 18 биле повредени во борбите против про-руските сепаратисти во источна Украина во последниве 24 часа. Украинската армија денеска соопшти дека борби се водат околу аеродромот кај Доњецки во близина на провинцијата Луганск.

Бунтовничките власти пак соопштија дека три лица биле повредени од артилериски оган во Доњецк во изминатата ноќ.