Нимиц - Ова е тешко прашање, нема поместување

Не е постигнат напредок во разговорите за името, соопшти медијаторот во спорот за името Метју Нимиц по средбата во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговарач. Нимиц вели дека на средбите се разгледувале старите предлози, а двете страни во процесот можеле да ги слушнат размислувањата на другата страна, но и размилувањата на Нимиц, а за тоа потоа да ги известат владите во своите земји.

„Ако под прогрес се мисли на постигнување на решение, тогаш не постигнавме такви резултати, зборувавме за некои идеи од минатото, до каде можат да функционираат и како може да се допрецизираат и подобруваат. Ова е тешко прашање, нема поместување, но ги продолжуваме разговорите во следните месеци“, изјави Нимиц по средбата.

На денешната заедничката средба и претходеа синоќешните одделни средби на медијаторот со македоснкиот преговарач Васко Наумовски и грчкиот Адемантиос Василакис.