Рама - посетата на Србија ги оствари своите цели

Посетата на Србија е историска. Со неа го скршимве повеќедеценискиот мраз, но за вистинско пријателство потребно е подолго време. Ова е оценката на албанскиот премиер Еди Рама изнесена на попладневната средба со новинарите во Тирана, посветена на посетата на Србија, која како што нагласи, ги остварила своите цели.

Рама вели дека во врска со Косово, во Белград ја кажал само вистината. Тој рече дека се чувствува многу горд што бил и меѓу Албанците во Прешево, каде ветил дека Тирана ќе продолжи и понатаму да ги подржува Албанците, каде и да живеат и ќе бара тие да ги имаат сите права кои им припаѓаат. Рама соопшти дека го поканил спрскиот холега Вучиќ да дојде во посета на Албанија, а потврдил дека „нема никаква пречка“ да не учествува на самиот на премиери кој набрзо ќе се одржи во Белград.