Пукано кон беспилотните летала на ОБСЕ во Украина

Од ОБСЕ велат дека про-руски сепаратисти пукале кон невооружените беспилотни летала на Организација, кои следат како се спроведува прекинот на огнот во источна Украина.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, денеска во Брисел изјави дека имаат видео снимката снимена од страна на беспилотните летала на која се покажува дека неидентификувани милиции кои носат униформа без ознаки кои се на страна на бунтовниците пукале кон беспилотните летала.

ОБСЕ на 24 октомври започна со операцијата за следење на прекинот на огнот со беспилотни летала. И покрај прекинот на огнот борбите продолжуваат, а НАТО денеска соопшти дека руски воени конвои влегуваат на територијата на источна Украина во изминатите денови.