Министерот Попоски на средба со еврокомесарот Хан

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски кој престојува во работна посета на Брисел денеска ќе разговара со новиот еврокомесар за преговори за проширување Јоханес Хан. Предвидено е министерот Попоски да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност”. Вчера тој имаше средби со неколкумина пратеници во Европскиот парламент на кои, како што е соопштено, им порачал дека членките на ЕУ треба да ја преземат одговорноста во однос на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата.