Споменик на бугарскиот дисидент Ѓорги Марков

Ѓорги Марков

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев откри споменик на бугарскиот дисидент, драматургот Ѓорги Марков кој во 1978 година беше убиен во Лондон. „Зборовите на Марков духовно ги ослободија бугарите уште пред соборувањето на комунистичкиот режим“, изјави Плевнелиев. Марков беше познат драматург и новинар кој во 1969 година избега од Бугарија и со серија извештаи за Би Би Си ја критикуваше тогашната бугарска влада. Неговите извештаи тајно беа слушани во Бугарија. Тој беше убиен додека чекал на автобуска станица во Лондон откако бил прободен од еден минувач со чадор во ногата. Неколку дена потоа почина. Обдукцијата откри дека станува збор за труење.