Во Варшава судири на Денот на независноста

Триесетина луѓе биле повредени во нередите и пресметките меѓу полицијата и хулиганитево текот на традиционалниот Марш на независноста во полскиот главен град Варшава. Овој марш го организираат полските националисти по повод 11 ноември, Денот на независноста на Полска. Полицијата соопшти дека привела над 220 лица. Хулиганите, главно фудбалски навивачи, како што јавуваат агенциите,ја немаат поддршката и од самите националисти и организатори на маршот. Тие им порачаа во иднина да си организираат свој антиполицски марш.