Неколку кратки средби на Обама и Путин во Пекинг

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин неколку пати накратко се сретнале за време на Азиско пацифичкиот самит за економска соработка во Пекинг. Некои од нивните средби, според известувањата, биле студени, а се уште не е јасно дали тие дискутирале и за конфликтот во Украина. Новинските агнеции јавуваат дека Обама едвај реагирал кога Путин го подудрил по рамо. Тие исто така дискутирале и за време на подготовките за заедничката фотографија на учесниците на самитот. Официјална Москва соопшти дека двајцата претседатели имале неколку кратки разговори.