Шефот на македонската дипломатија Попоски во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе има средба со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан., Министерството за ндворешни работи најави дека Попоски, межу другите, ќе се сретне и со известителот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл. Планирано е шефот на македонската дипломатија да реализира заедничка средба и со претставниците на земјите-членки на ЕУ во Комитетот за Западен Балкан во Советот на ЕУ.