Централната банка на Русија нема да интервенира за поддршка на рубљата

Централната банка на Русија објави дека нема да интервенира за поддршка на рубљата која загуби речиси 40 отсто од својата вредност оваа година под притисок на западните санкции. Руската банка денеска соопшти дека веднаш ќе го отстрани фиксниот опсег на рубљата кој важеше досега. Централната банката потроши 400 милијарди долари од резервите за да го ублажи падот на рубљата, од кои само 30 милијарди долари минатиот месец. Одлуката, соопшти банката, сепак не значи дека тие се откажуваат од секакви интервенции, односно ќе интервенираат ако се појави закана за финансиската стабилност. Рубљата падна на 48 рубљи за долар на 7 ноември, но по денешното соопштение од Централната банка нејзината вредноста порасна и сега за еден долар се добиваат 45 рубљи.