Нов визен режим меѓу САД и Кина

Се зголемува периодот на важност на туристичките и студентискит визи меѓу САД и Кина, соопшти американскиот претседател Барак Обама. Тој рече дека двете земји потпишале договор за тоа прашање. Говорејќи на маргините на самитот на АПЕК во Пекинг на 10 ноември, Обама изјави дека со новиот договор студентската визи ќе важи пет години, а турустичката и бизнис визата 10 години, наместо сегашните една година. Новиот визен режим стапува во сила почнувајќи од 12 ноември.

Западните новински агенции цитирајки американски официјални лица, пишуваат дека продолжувањето на валидноста на визата ќе донесе повеќе кинески туристи во САД, а во соопштение на Белата куќа се наведува дека тоа ќе донесе милијарди долари во американската економија.