Расте стравот од нови насилства во Ерусалим

Палестински тинејџер избодел и тешко повредил израелски војник во Тел Авив, по што се зголемија стравувањата на за нови анти-израелски насилства во Ерусалим. Полицијата соопшти дека тинејџерот го избодел војникот денеска пред железничка станица во градот. Тие оценија дека се работи за „терористички напад“ си соопштија дека набрзо потоа, осомничениот, кој престојувал во Израел нелегално, бил уапсен. Во неколку арапски градови во Израел, пак, имаше насилни протести откако на 8 ноември полицајци убија млад Арап кој ги нападнал. На 5 ноември еден Палестинец со автомобил удри во пешаци во центарот на Ерусалим, при што загинаа двајца Израелци.