Албанскиот премиер пристигна во Белград

Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во официјална посета на Белград, што е прва посета на албански државник по 68 години, по посетата на Енвер Хоџа на поранешна Југославија. Рама беше пречекан од српскиот премиер Александар Вучиќ, а во делегацијата беа и министрите Ивица Дачиќ, Небојша Стефановиќ, Жељко Сертиќ и директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ.

Предвидено е премиерите да имаат средба, а потоа делегациите на двете земји да одржат пленарна седница.

Посетата на албанскиот премиер првично беше закажана за 22 октомври, но беше одложена поради инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу националните тимови на Србија и Албанија на 15 септември во Белград.