Зголемени воени тензии и во воздух

Зголемениот број нарушувања на возушниот простор ја покажуваат се поголемата затегнатост во односите меѓу Русија и западот, а во врска со кризата во Украина, се наведува во извештајот на Европската мрежа за лидерство. Наведени се и неколку примери, како оној од 3-ти март годинава, кога руски шпионски авион за малку ќе се судрел со патнички авион кој летал на релацијата Копенхаген – Рим. Имало и други блиски средби, а во извештајот се наведува дека нарушувања на воздушниот простор има на голема географска област, од Балтичко и Црно Море до САД и Канада.

НАТО во минатиот месец соопшти дека регистрирале над 100 нарушувања од страна на руски авиони, што е три пати повеќе од лани.