ЕУ и САД загрижени за воените конвои во Украина

Соединетите држави и Европската унија изразија загриженост по извештаите за големи конвои со војници и оружје што се движеле низ територијата во источна Украина, контролирана од проруските бунтовници. Белата куќа соопшти дека секој обид на бунтовниците да освојат уште територии ќе претставува јасно кршење на договорот за примирје од 5 септември. Портпаролот на Националниот совет за безбедност Бернадет Миан побара од Русија да прекине да ги вооружува бунтовниците и да ги повлече сите сили и оружје од Украина. Слично предупредување беше испратено и од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Москва отфрла секаква вклученост во конфликтот во кој од април досега загинаа над 4000 луѓе.