Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма

Претставници на Соединетите држави, Европската унија и Иран ги продолжуваат неформалните разговори започнати вчера во Оман, за деблокирање на договорот за иранската нуклеарна програма. Засега нема никакви детали за досегашниот тек на разговорите на кои учествуваат американскиот државен секретар Џон Кери, претставникот на Европската унија Кетрин Ештон и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф. Американскиот претседател Барак Обама оцени дека има голем јаз меѓу Техеран и шесте светски сили и оти можеби до конечниот рок, 24 ноември, нема да биде постигнат договор за иранската нуклеарна програма.