И натаму извештаи дека лидерот на ИД бил ранет

Абу Бакр ал Багдади

Новинската агенција Асошитед прес цитира двајца ирачки официјални претставници кои велат дека лидерот на милитантната организација Исламска држава Абу Бакр ал Багдади бил ранет во воздушен напад што на 8 ноември се случил во ирачката западна провинција Анбар. Се наведува дека ирачките претставници за ова дознале од информатори во редовите на милитантите. Пентагон соопшти дека немал информации за ранувањето на Багдади.