Во тек разговорите за иранската нуклеарна програма


Американскиот државен секретар Џон Кери, советникот на Европската унија, Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска ги продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма во Оман. Во пресрет на неформалните разговори во Мускат, Оман, иранскиот главен преговарач Абас Арачи изјави дека неговата земја сака да се постигне договор и изрази уверување дека до него може да се дојде до крајниот рок 24 ноември. Последната рунда преговори се планира да се одржи во Виена, на 18 ноември, со претставници од Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија кои ќе им се придружат на американските и иранските официјални лица. Групата се надева дека ќе се постигне договор за намалување на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции против Иран.