Голем пожар во термоцентрала во Грција

Најмалку две лица се повредени денеска при голем пожар што избувнал во темоцентралата кај градот Птолемаида во северна Грција, објавија грчките медиуми. Повредените работиници се пренесени во болница, но засега нема информации за нивната здравствена состојба. Претставник на раководството на централата соопшти дека пожарот избувнал во призмејето на четвртиот блок на комплексот, каде што се наоѓа електричното напојување. Причините за пожарот засега не се познати. Веднаш по избувнувањето на огнот сите вработни во централата биле евакуирани.