Воздушни напади на сириската влада врз исламиcтите

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека сириските владини сили спроведуваат воздушни напади врз северниот град кој е во заложништво на милитантната група Исламска држава. Истите извори соопштија дека владините хеликоптери испукале седум бомби, а воените авиони отвориле оган врз градот Ал-Баб североисточно од Алепо, при што загинале најмалку 21 лице, а биле ранети уште стотина. Нема информации за жртви меѓу борците на ИД во Ал-Баб. Воздушните напади од сириската влада се ретки врз позиции на Исламската Држава и досега беа концентрирани врз групите на југ, особено околу Дамаск. Коалицијата предводена од САД пак, без согласност од сириската влада, веќе неколку недели спроведува воздушни напади против ИД во северна Сирија, особено околу граничниот град Кобани.