Ристовски: СДСМ ги девалвира реформите во образованието

Вкупно 790.000 евра, а не 12 милиона како што наведува СДСМ, е Договорот што го потпиша Министерстото за образвание и наука со Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ. Како што соопшти ресорниот заменик-министер Спиро Ристовски, драстична е разликата меѓу фактичката, реална бројка, и онаа што ја наведува опозициската партија.

- Изминатите неколку денови сме сведоци на комплетна збунетост на СДСМ која изнесува невистини од којзнае какви причини, обидувајќи се да ја дезинформира јавноста за состојба што јавно беше презентирана. Владата и Министерството изминатите две години јавно соопштија и реализираа договори со Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ, нагласи Ристовски.

Според него, СДСМ сака да го дерогира квалитетот на реформите кој Македонија се обидува да го спроведе со еден од најстарите универзитети во светот кој постои повеќе од 800 години или неговиот оддел за меѓународна соработка и развој на наставни програми кој постои преку 160 години. Вчера СДСМ обвини дека проектот Кембриџ е обичен купопродажен договор меѓу министерството за образование и издавачка куќа од Велика Британија, вреден 12 милиони евра, додавајжи дека од оваа реформа секојденевно плачат учениците, а нивните родители се под постојан стрес и нервози.