Лидерите на Исламската Држава, мета на воздушни напади во Ирак

Американската војска соопшти дека таргет им се лидерите на Исламската држава во Ирак. Високи официјални претставници на американската одбрана изјавија дека серија воздушни напади уништиле конвој од 10 возила во близина на северниот град Мосул. Истите извори не можеа да потврдат дали врвниот лидер на Исламската држава лидер Абу Бакр ал-Багдади, е меѓу оние погодените, иако некои извештаи јавуваат дека тој бил повреден. Ал-Багдади самиот се прогласи за калиф или врховен лидер, на големите подрачја на територијата на Ирак и Сирија под контрола на сламската Држава. Во меѓувреме, во серија на бомбашки напади во и околу главниот град Багдад загинале најмалку 43 луѓе. Во најлошиот напад, 11 лица загинале, а 21 се повредени во експлозија на бомба во шиитската област Садр Сити во Багдад.