Симболичен референдум за независност во Каталонија

Североисточниот шпански регион Каталонија денеска спроведува симболично гласање за независност и покрај противењето на официјален Мадрид. Организациите кои се за независност спроведоа напорна кампања за што поголем одѕив од вкупно 7,5 милиони луѓе во богатиот регион. Тие се надеваат дека високото ниво на поддршка ќе ја принуди централната власт да седне и да преговараат за поголема даночна и политичка автономија и евентуална независност. Анкетите покажуваат дека дури 80 отсто од Каталонците сакаат поголема автономија од Шпанија, со околу 50 проценти во полза на целосна независност. Долгогодишното отцепено движење во Каталонија, кое претставува една петтина од економското производство во Шпанија и има свои различни култура и јазик, се засили во текот на последните неколку години на длабока рецесија.