Умерен земјотрес во западна Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција, и засега нема информации за настрадани и причинета материјална штета, јави дописникот на МИА од Атина.Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет километри под морското дно.Истиот остров завчера беше погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.Овој реон се смета за сеизмички активен откако во 1953 година Кефалонија беше погодена од потрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала.