Горбачов предупреди на опасност од нова студена војна

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов изјави дека тензиите меѓу Русија и Западот во текот на украинската криза го стави светот "на работ на нова студена војна." Горбачов зборуваше на еден настан во германскиот главен град по повод одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Тој го обвини Запад - особено Соединетите Држави за како што рече "триумфализам", по падот на комунистичкиот блок. Според него наместо да стане лидер на промени во глобалниот свет, Европа се претвори во арена на политички пресврт, на натпревар за сфери на влијание, и на крај на воен конфликт. Неизбежна последица на ова според Горбачов е слабеење на Европа. Горбачов повика на доверба која треба да се гради преку дијалог со Москва и предложи на САД и Европската унија да ги укинат санкциите против руските официјални лица.