Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска


Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник Ер Србија се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор на Ер Србија, Дане Кондич, изјави дека новата линија ќе ја исполни зголемената побарувачка во бизнисот и ќе им овозможи на патниците редовно патување меѓу двете земји. Според Кондич новата услуга ќе обезбеди двонасочни врски меѓу Белград и Хрватска, континентална Европа, како и клучните глобални дестинации. Летовите меѓу Белград и Загреб беа прекинати во 1991 година, кога конфликтот избувна откако Хрватска прогласи независност од Југославија.