Кери: Иранските нуклеарни разговори се одвоени од другите прашања

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека не постои врска помеѓу меѓународните напори за спречување на иранската контроверзна нуклеарна програма и други прашања на Блискиот Исток. Тој додаде дека нема каква било поврзаност на нуклеарните разговори со било кој друг проблем. Неговите коментари следуваат поради извештаите во кои се вели дека Вашингтон го отфрлил предлогот од ирански официјални лица во кој се вели дека Иран ќе помогне во борбата против милитантите на Исламската држава Ирак во замена за флексибилност меѓу светските сили околу договор за неговата нуклеарна програма. по средбата со Кери во Пекинг, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руски и американски претставници работат за постигнување договор со Иран за нуклеарното прашање до крајниот рок, односно 24 ноември.