Застрелан полицаец кај Мавровка

Еден полицаец е повреден во престрелка која доцна синоќа се случила во близина на трговскиот центар Мaвровка во Скопје. Во полицаецот пукале две лица и веднаш избегале. Полицаецот веднаш бил пренесен во болница, но нема информации за неговата состојба. Според се уште неофицијалните информации, полицаецот без униформа тргнал накај Старата скопска чаршија. Полицијата повеќе информации за инцидентот најавува за денеска.