По 23 години повторно летови меѓу Белград и Загреб

Србија и Хрватска ќе ги обноват летовите меѓу нивните главни градови, по пауза од 23 години. Денеска српската национална авиокомпанија Ер Србија соопшти дека од 12 декември се вовeдува директна линија меѓу Белград и Загреб, двапати днeвно. Летовите меѓу Белград и Загреб беа прекинати во 1991 година, по избувнување на војната откако Хрватска прогласи независност од Југославија.