Владата на Борисов доби поддршка од Собранието

Бугарското Народно Собрание денеска го избра составот на Владата предложена од лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

За изборот на Владата на Борисов гласаа 144 пратеници, 83 беа против, а еден се воздржа од гласање. За избор на Владата беа потребни најмалку 121 глас.