Следната недела, средба Попоски - Хан

Еврокомесарот за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан следната недела ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел, соопшти денеска портпаролот на еврокомесарот, Маја Коцијанчиќ на брифинг во Брисел. Таа рече дека ова ќе биде прва средба со претставник од Западен Балкан.