Претседателот Иванов се сретна со генерал Бартелс

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс. Тие разговарале за македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО, како и за унапредувањето и продлабочувањето на натамошната соработка меѓу Македонија и Алијансата. Од Кабинетот на претседателот, соопштуваат дека Иванов повторил дека Македонија останува цврсто посветена на промовирање на мирот, безбедноста и стабилноста, како и на аспирациите за членство во НАТО. А генералот Бартелс изразил подготвеност за натамошна засилена поддршка и соработка со Македонија.