Свечености по повод 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Во Германија денеска почнуваат тридневни свечености по повод 25 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Германскиот канцелар Ангела Меркел која порасна во источниот комунистички дел на Германија ќе учествува на комеморациите за оние што биле убиени додека се обидувале да избегаат во Западна Германија. 60 годишната Меркел изјави дека никогаш нема да го заборави тој ден бидејќи, како што рече, морала да чека 35 години за да ја почувствува слободата. На прославите ќе учествува и поранешниот советски лидер Михаел Горбачов кој ја отвори вратата на промени со неговата политика на перестројка и гласност.